Во домот на кумановец откриени пушки, пиштоли и муниција

0
18

Пет воздушни пушки, една полуавтоматска пушка, три пушки, пиштол непозната марка, две рамки, една кутија со делови од стартни пиштоли, една цевка од непознато оружје и 147 куршуми биле пронајдени и одземени од домот на 60-годишен кумановец.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ќ.А.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Оружјето било пронајдено и одземено при претрес на домот и други простории на Ќ.А. на 23 минатиот месец.