Во Израел два дена нема починати од Ковид-19, плажите и ноќните клубови полни

0
20

Израел веќе два дена нема починати од Ковид-19. Вчера бројот на новозаболени беше само 85 луѓе.

По спроведената најбрза и најмасовна вакцинација од сите земји во светот, Израел живее нормален живот повеќе од еден месец. Плажите, кафулињата, рестораните, ноќните клубови стануваат пополни, маските веќе не се носат на отворено, а сè помалку во затворен простор, луѓето се собираат, се забавуваат, со еден збор, уживаат.

А сепак, тој нормален живот не се рефлектираше во бројките на новозаболени. Покрај тоа, по повеќе од една година, Израел го дочека првиот ден во кој немаше смртни случаи. Четвртокот беше првиот, а петокот вториот ден без починат од Ковид 19.

Бројот на новоинфицирани станува сè помал – оваа недела, според сајтот „Светломер“, тој се движел меѓу 130 и 170.