Во ковид-центрите низ државата има 1.768 пациенти, има места уште за 300

0
21

Во болниците низ државата се лекуваат вкупно 1.768 ковид-пациенти, од кои 725 се во Скопје, а 1.043 во другите градови. Утрово имало слободни околу 300 кревети, а од нив во Скопје се 65, информира Министерството за здравство.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 76 нови пациенти од кои 34 се во Интерните и хируршки клиники, 17 во ГОБ 8 Септември, 8 на Инфективната, 5 во Козле, 2 на Клиниката за детски болести и 6 во Институтот за физикална медицина. Во овој период дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид-19, на ГАК има 8 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.

Од болниците во другите градови, најмногу пациенти има во Битола-149, а потоа во прилеп-125. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 36 пациент, во Велес се лекуваат 106 болни, а во Куманово 114 ковид-пациенти. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Гостивар 48, во Струга 23 болни, во болницата во Струмица има 94 пациенти, во Кочани 29, во Кичево 31, Кавадарци 63, а во Гевгелија 26 лица позитивни и сомнителни на ковид-19.