Во куќата на ужасот во Ритопек што ја користела криминалната банда на Беливук пронајдена е и женска облека

0
35

Во куќата на ужасот во Ритопек, во близината на Белград при претресот полицијата пронашла парчиња од облека кои се испратени на вештачење за да се дознае на кого му припаѓаат. Оваа куќа од почетокот на февруари кога е уапсена злосторничката група на Вљко Беливук наречен Веља Невоља и Марко Мијаковиќ е постајано под будното око на српската полиција која трага по материјални докази за злоделата кои ги правела оваа криминална банда.

Истражителите по последниот претрес откако беше порнајден таен бункер полн со различно оружје пронашле и женска облека на која се откриени траги од крв и била спакувана во торба и крената на таванските простории.

Куќата во Ритопек, истражителите се сомневаат дека кланот на Беливук и Миjковиќ ја користел за тортура и свирепи убиства.