Во полошко зголемено семејното насилство во екот на пандемијата

0
12

Вчера околу 8 часот и 20 минути, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(27)од Тетово, затоа што во семејниот дом се однесувал агресивно, ја оштетил покуќнината и со остар предмет се заканувал на неговиот педесет и шестгодишен татко. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.

Истиот ден неколку часа подоцна околу 17 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.С.(50) од тетовско Селце кој, според пријавеното, физички и психички ја малтретирал неговата 40-годишна невенчана сопруга и нивните 4 малолетни деца. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Од СВР Тетово велат во текот на пандемијата зачестени биле случаите на семејно насилство

Од СВР Тетово велат дека за истиов период имаат добиено и 65 поплаки за семејно насилство претежно со верблани напади и од финансиски