Во полошко и натаму се прекршува полицискиот час, а голем дел од граѓаните не носат маски

0
17

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (12.04.2021/13.04.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно 62 лицa (ТЕ-34 ГВ-28 изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 53 лица (ТЕ) и на 18 лица (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-489 и ГВ-311 лицa со вакви решенија и при тоа не биле констатирани непочитувања на издаденте решенија за изолација.

Во периодот од 20 часот на 12 април до 5 часот на 13 април 2021 година на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се 1 (ТЕ) и 1 (ГВ) прекршувањe на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час.