Во Тетово санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ 402 непрописно паркирани возила,

0
15

Oд почетокот на годинава до денеска во Тетово вкупно биле санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ 402 погрешно, односно непрописно паркирани возила, претежно во централното градско подрачје. Граѓаните велат дека поради недостиг на паркинг места се принудени да ги паркираат возилата непрописно
Станува збор за возила кои најдиректно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, а биле паркирани во зона на крстосници, во таканаречени „двојни редови“ или на други недозволени места. Само вчера (13 април) подигнати се 17 возила, најмногу на улиците „Борис Кидрич“, „Илинденска“, „120“, „ЈНА“ и „Видоја Смилевски-Бато“.

Граѓаните велат дека поради недостиг на паркинг места се принудени да ги паркираат возилата непрописно. Од општина Тетово велат дека .Од Општина Тетово велат дека имаат изработено проект за проширување на зонското паркирање и на останатите делници во градот, а тоа ќе значи поголем број на паркинг мест

Активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово ќе продолжат и во наредниот период, како и континуираните контролни акции за брзина и престигнување. Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и максимално да внимаваат во текот на таканаречените „сообраќајни шпицеви“ од 10 до 13 часот и од 15 до 18 часот.