Во тетовска горна чаршија пред спортска обложувалница пронајден мртов маж

0
25

Утринава во 6 часот и 35 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовска Горна Чаршија, пред спортска обложувалница, пронајдено е починато машко лице. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и било утврдено дека починатото лице е 62-годишниот М.К. од тетовска Шипковица. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.

Ноќеска , половина час по полноќ, во тетовски Деребој, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.М.(44) од Тетово и С.Е.(27) од тетовско Шемшево. При нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.М., а во кое сопатник бил С.Е., биле пронајдени марихуана и непозната кафеава материја.Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Полицискиот билтен евидентира и грабеж на црква. Вчера наутро П.И.(52) од гостиварско Дебреше во СВР Тетово пријавил дека ноќта помеѓу 24/25 април, непознати сторители со употреба на сила влегле во црквата „Свети Ѓорѓија“ во селото и одзеле пари. Извршен е увид и се расчистува и документира случајот.