Вработени во „Водовод“ Радовиш исекле 196 тополи, нанеле штета од 10.000 евра

0
22

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.К.(40) од село Дражево, општина Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и В.К.(61) од радовишкото село Ораовица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, двајцата вработени во АД „Водостопанство“ – подружница Радовишко Поле – Радовиш.

М.К., како раководител, во октомври 2020 година, без одобрение од соодветни институции, склучил договор за купопродажба на дрвни сортименти, со што постапил спротивно на членот 131 од Законот за води и по негов налог се исечени вкупно 194 канадски тополи, со вкупна дрвна маса од 203,06 метри кубни со што е причинета материјална штета во висина од 609.090 денари на штета на АД „Водостопанство“ – подружница Радовишко Поле – Радовиш. Додека, пак, В.К., инженер за заштита од поплави, ерозија и екологија, постапил спротивно на описот и пописот на систематизацијата на работните места, пропуштајќи должен надзор, дозволил и учествувал во вршењето на сечата.