Германска државјанка пронајдена почината во Кавадарци, телото на обдукција

0
13

Во ОВР Кавадарци, синоќа од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во градот, сопственост на 75-годишник, била пронајдена почината 67- годишна германска државјанка, која повеќе години живеела со кавадарчанецот. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, а телото на починатата било предадено на обдукција.