Германците ја изгубија довербата во Лев, победата на Македонија не е изненадување

0
53

Еден од највпечатливите коментари од илјадниците кои можеа да се прочитаат на социјалните мрежи беше на хрватскиот интернет сајт Индекс. Хрватски вљубеник во фудбалот ја опиша играта на Македонија и рече дека победата е изненадување само за оние кои не го гледале натпреварот.

Го гледав цел натпревар. Македонците технички и тактички подготвени. Секоја чест за Ангеловски Акциите воиграни. Топката оди брзо по земја, сите ја застануваат и никој не паничи во напад и одбрана. На германците поклонет им беше пенал, на македонците не им беше досуден. Играта на Германија прочитата и неутрализирана. Поседот не е важен. Се на се, маестрална претстава на Македонија, која потсети на играта од Португалија кога триумфираше на ЕП. Честитки и капа долу! – стои во коментарот.

Германците, пак, немаа воопшто милост кон селекторот Јоаким Лев и репрезентативците. Најугледниот германски весник „Билд“ играта и претставата на германската селекција ја нарече срамна, а ги пофали нашите фудбалери. Во лавината од коментари можеше да се прочита задоволството од фактот што Лев заминува после Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето.

На Македонија и честиташе и Бастијан Швајнштајгер, покажувајќи дека не за џабе го има статусот на светска фудбалска легенда. Популарниот „Басти“ го искритикува и судијата за грешките, кои отидоа во полза на Германија.

„Црвено жолтите“ предводени од Ангеловски ги живеат моментите на слава, а ние немаме проблем да потрае уште малку, барем до јуни/јули кога на програмата е Европското првенство.