ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ ОД ПОЛОШКО И НАТАМУ ШЕТААТ БЕЗ МАСКИ И ПОКРАЈ РАСТОТ НА ИНФИЦИРАНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОВИД 19

0
22

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (11.04.2021/12.04.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно 136 лицa (ТЕ-106 ГВ-30 изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 78 лица (ТЕ) и на 65 лица (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-680 и ГВ-450 лицa со вакви решенија и при тоа не биле констатирани непочитувања на издаденте решенија за изолација.

Во периодот од 20 часот на 11 април до 5 часот на 12 април 2021 година на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се 3 (ТЕ) и 6 (ГВ) прекршувања на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час.

Вчера (11 април) околу 15 часот и 15 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец И.Џ., кој не поседувал никакви документи за идентификација. Се расчистува случајот и на И.Џ. ќе му биде изготвен соодветен поднесок по Законот за лична карта.

Вчера (11 април ) од 15 до 20 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на мотоцикли, во која вкупно биле откриени и санкционирани 29 прекршоци (ТЕ-18 и ГВ-11).

Најголемиот број од прекршоците се однесувале на управување без возачки дозволи и некористење на заштитни шлемови, односно кациги, а откриени се и мотоциклисти со истечена регистрација или осигурителна полица на мотоциклите.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.