Голем нанос од земја и камења го затрупаа патот кон месноста Бањиче

0
27

Големи наноси од земја и камења го затрупаа патот кој води кон рекреативното место Бањиче, откако деновиве Општина Тетово започна градежни активности за стабилизација на земјиштето и спречување од идни ерозивни процеси.

-Свлечиштето на земјата е резултат на работата на терен со градежна механизација каде деновиве багер изведува активности за правење на каскаден систем на самиот стрмен терен, со што во иднина би се спречиле ерозивни процеси . Работите се изведуваат токму над местото каде сега е големиот нанос. Поради градежните работи теренот сега е нестабилен, па затоа голем нанос од земја и камења се струполија на патот и го блокираа, истакнаа од Општина Тетово.

Од локалната самоуправа за утре најавија расчистување на патот и продолжување на градежните активности со цел правење на каскаден систем заради спречување на нови свлечишта.

Од Општината апелираа граѓаните да внимаваат кога се движат кон овој предел и да ги почитуваат знаците до каде може да се движат.

Поради градежните активности рекреативците можат да испешачат до хидроцентралата каде наспроти овој објект денеска голем нанос го затрупа патот