Гореле куќа и слама во кумановско

0
17

Два пожари се случиле вчера на подрачјето на кумановско, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен. Припадниците на територијалната противпожарна единица интервенирале на опожарена слама и на куќа во кумановска населба.

– Првата на опожарена копи слама, складирана во напуштен објкет на поранешен ЗИК Куманово РЕ краварство во село Љубодраг. Интервенирано е во 07:10 часот со три противпожарни возила и шест пожарникари. Пожарот е ликвидиран и завршен во 09:35 часот, причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува, информира РЦУК Куманово.

Пожарникарите гаселе пожар на семејна куќа во населбата „Перо Чичо“ во периодот од 12:30 до 13:05 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причина за пожарот била неисправна електрична инсталација, соопштија од РЦУК Куманово.