Груби: Додека е ДУИ на власт, 13.000 Албанци добија македонско државјанство

0
61

Заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својот фејсбук профил објави дека за времето на владеењето на ДУИ, со македонско државјанство се стекнале 13 илјади Албанци.

– Досега, над 13.000 Албанци граѓани на Северна Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка само 2.674 апликации, вклучително и сите други заедници – објави Груби како одговор на предложениот закон за државјанство од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива.