Грција: Плажите се отвораат од 15 мај – дистанца, маски, забрана за музика…

0
103

Грција најави дека организираните плажи и клубовите на плажи ширум земјата ќе се отворат на 15 мај, под строги здравствени мерки.

Генералнииот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис, рече дека и натаму на плажите ќе се применуваат мерките, како што се физичка дистанца и маските главно, и понатаму ќе се применуваат на плажите.

Додаде дека на баровите на плажите нема да им биде дозволено да пуштаат музика, мерка која ќе се применува и на рестораните и кафулињата кои се отвораат од 3. мај.

Стамбулидис објасни дека музиката може да придонесе за ширењето на коронавирусот со присилување на повеќе лица да го повишат гласот, и со тоа да шират повеќе честички во воздухот.