Дали мерките ќе бидат олеснети за време на Велигден и Бајрам?

0
24

Бидејќи се намалува притисокот врз болниците и од друга страна, бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19, се очекува ли да се ослободиме од анти-ковид мерките за време на претстојните празници, Велигден и Рамазан Бајрам?

На ова прашање одговори министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој вели дека нема друг критериум при наметнување на анти-ковид мерките, освен заштита на здравјето на граѓаните. Најави дека епидемиолошката анализа за новите мерки ќе се направи за време на викендот и почетокот на следната недела.

„Нема да има друг параметар или критериум, освен заштитата на здравјето. Во оваа смисла, ќе има дополнителна епидемиолошка проценка дали мерките треба да се продолжат или изменат. Во оваа смисла, проценката ќе се изврши за време на викендот и на почетокот на следната недела и според тоа ќе одлучиме “, рече Филипче, пренесува ТВ21.