Дали ќе се постигне договор за законот за државјанство? Оваа недела Заев повторно на состанок со АЛИЈАНСА-АЛТЕРНАТИВА

0
23

Во текот на оваа недела ќе се знае дали ќе има договор за Законот за државјанство. Премиерот Зоран Заев вчера најави дека во наредните денови ќе се сретне со членовите на коалицијата АЛИЈАНСА-АЛТЕРНАТИВА, а ќе оствари средба и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

„Ќе имам состанок со министрите за внатрешни работи и правда и со некои соодветни институции за да ја завршиме нашата обврска од првиот состанок да прифатиме сугестии од партиите, од двете опозициски партии, и можеби во среда-четврток или петок ќе закажеме состанок во рамките на кој, нормално, очекувам да најдеме трајни решенија за наши граѓани кои не поседуваат државјанство “, рече премиерот Зоран Заев.

Заев апелираше до пратениците да ги повлечат своите амандмани и да го деблокираат Собранието со цел да се одобри петтиот пакет мерки со кој се обезбедува помош на сите погодени од кризата.

Но, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците, синоќа во „Клик плус“ на ТВ21 рече дека немаат намера да го деблокираат Собранието, се додека не се донесе Законот за државјанство.