Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје и на патот Кичево-Охрид!

0
19

На 03.04.2021 во 21,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево кај с.Ново село патничко моторно возило “пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Н.С.(70) од Охрид излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Т.(58) од Охрид, а возачот и уште една сопатничка Л.С.(62) од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата “Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 03.04.2021 во 11.05 чaсот било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(75) од Скопје и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Скопје. Во незгодата сопатничката од возилото “бмв“ М.Б.(20) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, а Е.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.