Девојка на возраст од 19 години со симптоми на ковид-19 почина во Битола

0
15

Девојка на возраст од 19 години која имала симптоми на ковид-19, почина во болницата во Битола. Директорката д-р Билјана Гагачовска за дел од медиумите ја потврди оваа информација и вели дека направено било се што е потребно, но за жал, само неколку часа по приемот, младата девојка починала. Починатата девојка била со Даунов синдром и за неа немало направено тест за ковид-19, бидејќи, како што информираат од болницата, таа починала.

„Девојката беше донесена вчера, во многу тешка состојба со ниска сатурација, веднаш беше хоспитализирана во ковид-центарот во посебна соба за суспектни пациенти. Веднаш и беше дадена адекватна терапија и беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот, пациентката почина. Беше донесена како сомнителна со клиничка слика и манифестација на ковид-инфекција, но не беше тестирана и кај нас почина пред да биде земен брис“, вели во изјавата д-р. Гагачовска.

Британскиот сој на ковид-19 ги преполни болниците и тоа, како што велат лекарите и со млади пациенти со тешка клиничка слика. Апелите се да се почитуваат мерките и да се следат укажувањата на надлежните.