Дедо нападнал полицаец во Тетово

0
18

Тетовец на 71 година е приведен во полициска станица откако нападнал полицаец. Нема информација од полицијата каде и што претходело на инцидентот.

– Околу 16:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 71-годишниот тетовец С.М., кој се однесувал агресивно и физички нападнал еден од нив. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР ТетовО

Тетовската полиција бележи уште три приведувања изминатите 24 часа.

– Во текот на вчерашниот ден околу 15:45 часот приведен е и малолетник на 16 години во Непроштено. Тој одбил да се легитимира и кај него била пронајдена марихуана, што се обидел да ја фрли – информира Јосифоски.

 Две лица се приведени поради прекршување на забраната за движење од 20 часот вчера до 05 часот утринава.