ДЕЛ ОД ПРВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ПОДГОТВЕНИ ЗА КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИТЕ

0
18

Нема договор со приватните болници за намалување на цените за пациентите со Ковид.

Од крадиохирургија Жан Митрев изразиле подготвеност за некакво намалувањеза за кое дополнително ќе се изјаснат, Систина немале економска исплатливост, а Ремедика не лекува пациенти со Ковид, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот со менаџерите на болниците и потенцира – нема правен механизам да ги натера на тоа во време на пандемија.

И додека борбата е каде да се бара помош во јавното или приватното здравство, се ситнат вакцините.Во салата Борис Трајковски денеска се вакцинираа дел од АРМ и наставниците од 1во до 3 то одделение.

Дневно се вакцинираат околу 2500 луѓе, а потрошени се околу 7500 вакцини. Со оваа динамика, а во ситуација кога вакцините наскоро ќе се потрошат, а нови најверојатно ќе стигнат на крајот на месецот- неминовно е прашањето, дали ќе има прекин во вакцинацијата.

Досега 20 проценти од пријавените не се појавиле на вакцинација. Иако не прецизира која точно ќе стигнат вакцините, Филипче за стартот најавува голема кампања за имунизација на населението- пет месеци откако се вакцинира светот.

24 вести