Димитров: Доколку не се донесе седми пакет мерки, околу 10.000 лица од текстилниот сектор ќе останат на улица

0
22

Текстилната индустрија на удар од пандемијата. Локдаунот во Германија и во останатите земји на ЕУ, каде што македонските компании од овој сектор извезуваат останаа без традиционалните нарачки. Магацините, моловите, бутиците се полни со стока, за да се добијат нови нарачки за шиење  кошули, панталони, здолништа ќе мора да се почека, кога тамошните економии ќе заживеат и ќе се вратат во нормала. Проценките се дека службените бели кошули повторно ќе се шијат по две години

. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, а воедно и менаџер на светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавач во оваа градче, во срцето на Овче Поле во интервју за МИА вели дека за спас на оваа индустрија и на 10.000 работни места потребен ќе е седми пакет на мерки. Забележува дека ситуацијата е комплексна и има разлика од компанија до компанија.

-Прво ова што задоцни петтиот сет на мерки, можеби нема да направи голем проблем, ако компаниите сега ги добијат овие средства, бидејќи ние сите поднесовме барање и гледам дека нашите барања се уште не се одобрени. Затоа што во УЈП претпоставувам има многу барања, коишто мора да се обработат, да се проверат податоците, критериумите дали ги исполнуваат, а од друга страна во УЈП сега нивните ИТ техничари имаат многу работа, во исто време се прават пресметките за одредена добивка во 2020, за враќање на помошта дел, лани што е земена. Така што ние како работодавачи мора да бидеме свесни за тоа, дека неколку дена ќе задоцни, но многу е важно помошта да се добие, бидејќи загубите што ги остваривме овој период, навистина се огромни. Сега ја правев анализата за трите месеца, 300.000 евра имаме помалку приходи во споредба со лани во овој истиот период. Загубата е над 100.000 евра, сето она што се случуваше на германскиот пазар, големиот локдаун, навистина влијаеше на нашите компании, од друга страна ситуацијата и понатаму е многу неизвесна, никој не може да каже дали во Германија за еден или два месеца ќе почне да се отвара нивната економија или дали тоа ќе трае и понатаму. Имав разговор со една бизнисменка од Штип, која работи за Германија, таа е многу уплашена, бидејќи нивните газди велеле дека до септември нема шанси да се отвори, заради зголемиот број заразени во Германија. Гледаме дека во Германија вакцинацијата оди многу споро и многу мал процент се вакцинирани, вели Димитров.

Во овој период кои текстилни компании можат да преживеа?

Јас верувам дека компаниите кои работат работна облека, кои работат на тендери ќе обезбедат работа. Така што, ние еве сега правевме мустри за Дојче банк, за германската Железница, работиме и за полицијата во Германија, за војската во Австрија, додека онаа службена облека, белите кошули, коишто ги носат луѓето на работа се стопирани целосно и можеби две години нема да произведиме ниту едно парче. Затоа што магацините се полни и сигурно дека оваа тенденција, за да некои работни места да останат да работат од дома ќе продолжи по завршување на кризата. Така што одредени артикли ќе ги немаме во производство или многу ќе се намалат. Работата е што некои компании воопшто и немаат работа. Значи, исто како што се угостителите затворени, со мерките, нашите компании се затворени целосно заради немање налози, предизвикани од големиот застој во Германија, има такви компании, кои ми се јавуваат од Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, кои навистина бараат работа, помош и ние не можеме да им помогнеме. Така што ќе биде неопходен и седми пакет мерки, не шесттиот пакет, кој е за угостителите, организатори на свадби и таа нивна помош е малку поинаква, од онаа што ние досега ја добивавме. Нашата помош за исплата на плати е пресметана, се калкулира врз база на работниците, коишто ги имаме и процентот на изгубени приходи. Зошто на македонските текстилни компании им е потребен седми пакет на мерки? Затоа што ако ние ја земеме помошта само за февруари и март, а април, мај и јуни најверојатно ќе бидат исто така многу катастрофални, за тие три месеци, барем од нив за два месеца да се добие помош, компаниите нема да паднат во многу големи финансиски проблеми. Знаете што е размислувањето на бизнисмените, ако земам помош за февруари и за март. Тоа значи дека април и мај не смее да напушти работници, а ќе нема ниту еден работен ден или ќе работи со 50 отсто од капацитетите, ќе создаде огромни загуби, бидејќи ги држи сите работници, ќе исплаќа плата, а ќе нема веќе нова помош. Значи идната загуба по петтиот сет на мерки ќе биде исто така многу голема. Јас верувам дека Владата ќе ги направи, тие анализи и колку и да е тешка ситуацијата со буџетот, или со долговите на Македонија, уште потешка ќе биде ситуацијата, ако се напуштат луѓето и ако се затворат компаниите, вели Димитров