Доколку утре нема кворум, заразените пратеници од власта во Собрание ќе дојдат заштитени со скафандери

0
18

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре ја закажа 32-рата седница на која треба да се изгласаат неколку закони. Во минатото поради немање кворум, Џафери не сакаше да ја послуша опозицијата да ја прекине оваа седница, и да продолжи со 36-тата.

Немањето на кворум беше поради тоа што има тројца заразени пратеници со ковид-19 од власта.

Од СДСМ најавуваат дека доколку се случи утре да нема кворум, дека ќе дојдат заразените пратеници со скафандери, заштитени по сите протоколи за да гласаат, пренесува „360 степени“.

„Граѓаните и компаниите во овие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаат помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места. Затоа, ќе направиме се што е потребно и се што е можно за да се донесат законите поврзани со петтиот пакет. Граѓаните треба да знаат. Опозицијата прави се за помошта да не стигне кај граѓаните. Ние правиме се за помошта да стигна кај граѓаните. На крајот, граѓаните ќе бидат победници. Парите на граѓаните мора да стигнат кај нив“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во изјава за „360 степени“.