Драма во затворот Идризово- затвореник со убодни рани завршил на Клиника

0
17

Затвореници по расправија решиле физички да се пресмеметаат по што еден од нив со остар предмет го повредил другиот.

Според пријавеното на 29.04.2021 околу 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Идризово, по претходна расправија, затвореникот Р.Е.(36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П.(27) од Скопје.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.