Драма на обиколницата кај Белград: Се преврте воен камион со три ракети, една испадна на патот

0
26

Сообраќајот на обиколницата околу Белград во правец на Остружница беше во прекин бидејќи воениот камион „Камаз“, кој превезуваше три ракети на оклопниот систем С1, утрово слета од коловозот и се преврте.

Војникот – возачот на камионот, е полесно повреден и нема опасност по граѓаните и околината, со оглед на специфичноста на товарот. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и излетал од патот, а камионот бил буквално блокиран преку лентите.

Несреќата се случила пред исклучувањето за Обреновац, во правец кон Остружница, а воената полиција била информирана за сè.