Европол: Албанија е главен извор на трговија со наркотици

0
30
Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Албанија е главен извор на илегална трговија со канабис во ЕУ, а огромни количини на кокаин доаѓаат од Латинска Америка, покажува најновото истражување на Европол.

Пандемијата, како што се наведува, се повеќе се користи за илегална трговија на лажни вакцини против коронавирус.

Според Европол, 40 проценти од активните криминални мрежи во ЕУ се вклучени во трговија со дрога. Најраспространет илегален производ останува канабисот, кој од Албанија во главно по морски пат се пренесува во Италија.

Дури 60 проценти од организираниот криминал подразбира насилство, но и корупција со подмитување и изградени повеќемилионски софистицирани шеми.

Шефицата на Европол, Кетрин Де Бол, наведува дека извештајот за 2021-ва година покажува дека овие показатели само се влошуваат.

“Нивното влијание на граѓаните, економијата и владеењето на законот е огромно. Потребни се заеднички акции, нови политики и преиспитување на нашето делување. Акциите и заплените не се доволни”, рекла Де Бол.

Се проценува дека корупцијата на европско ниво ја поттикнува трговијата со дрога, посебно рекордните количини на кокаин коа доаѓаат од Латинска Америка.