Едно лице повредено при пожар во плевна

0
18

На 25.04.2021 во 11.15 часот во СВР Скопје од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во с.Смилковци настанал пожар во плевна, сопственост на З.Ф.(46) од с.Смилковци. Во објектот имало земјоделска механизација и добиточна храна. Притоа, со повреди се здобил И.Ф.(42) од с.Смилковци и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.