Епидемиологот број еден во Кина: Ефикасноста на кинеските вакцини е мала

0
58

Во едно од ретките признанија за недостатоците на кинеските вакцини за коронавирус, Гао Фу, директор на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, рече дека тие се неефикасни и дека владата размислува да ги комбинира за да ги зајакне нивните ефекти.

Кинеските вакцини не обезбедуваат многу високо ниво на заштита, рече Гао вчера на прес-конференција во југозападниот кинески град Ченгду.

Кина испрати стотици милиони дози од своите вакцини во други земји додека се обидуваше да внесе сомнеж во ефикасноста на западните вакцини.

Сега официјално разгледуваме дали треба да користиме различни вакцини од различни производители во процесот на имунизација, рече Гао.

Ефективноста на вакцината за коронавирус од кинескиот производител Синовац во спречување на асимптоматски инфекции е 50,4 проценти, велат истражувачи во Бразил. За споредба, ефективноста на вакцината Фајзерr се проценува на 97 проценти.

Пекинг сè уште нема одобрено никаква странска вакцина за употреба во Кина, каде што коронавирусот првпат се појави кон крајот на 2019 година.

Гао не даде детали за можни промени во стратегијата за имунизација, но исто така ги спомена и РНК вакцините како можна насока за идните случувања. Кинеските вакцини не се базираат на оваа технологија.
Од 2 април, во Кина, двете дози на вакцини беа дадени на околу 34 милиони луѓе, а првата доза – околу 65 милиони.