ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Цитокинската бура е последица од претерана стимулација на имунолошкиот систем

0
15

Епидемиологот Драган Даниловски во неговата последна објава на Фејсбук предупредува дека дури и пресилниот имунолошки систем може да биде штетен во борбата со болеста од корона вирусот. Посочува дека „цитокинската бура“ која најчесто доведува и до смртен исход е последица од преголемо јакнење на имунолошкиот систем.

-Сосема погрешна е идејата, дека за успешна борба со вирусот ни треба јак имунолошки систем! Тоа е погрешен концепт!

НЕ НИ ТРЕБА ЈАК ИМУНИТЕТ, НИ ТРЕБА ИЗБАЛАНСИРАН ИМУНИТЕТ!
Прејакиот имунолошки систем може да биде исто толку штетен, колку и преслабиот!
Тука само ќе го спомнам ризикот од настанување на опасната по живот „цитокинска бура“. Таа е последица токму на претераната стимулација на имунолошкиот систем, што доведува до автоимуни реакции… и „бура“… и многу често – лош исход…, пишува професор Даниловски во неговата објава.