Жител од Камењане на социјални мрежи објавил компромитирачки материјали од поранешната девојка затоа што не му дала пари

0
35

Вчера (15 април) во 15 часот, 18-годишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека лице од тетовско Камењане, со кое претходно билa во врска, во неколку наврати и побарало и oд неа добило парични средства, заканувајќи и се дека во спротивно ќе објавело нејзини фотографии и видео-клипови со компромитирачка содржина.

Според пријавеното, откако не му биле дадени уште пари, тој во првата половина на минатиот месец на социјалните мрежи објавил дел од материјалите.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Љ.Ј.(62) од тетовско Гајре во СВР Тетово пријавил дека околу 10 часот додека бил на работно место во тетовско основно училиште, физички бил нападнат од едно лице, кое претходно вербално се расправало со него.Се расчистува и документира случајот.

Вчера (15 април) од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоцикли. При контролата биле санкционирани 26 мотоциклисти (ТЕ-13 и ГВ-13).Од нив 9 мотоциклисти возеле без возачка дозвола и веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. Покрај ова, во акцијата откриени се и 55 други видови прекршоци(ТЕ-34 и ГВ-21).