Загина возач на патот Крушеани – Обршани

0
15

Шеесет и седумгодшен маж од село Бела Црква го загуби животот откако изгубил контрола над возилото додека го управувал на патот Крушеани – Обршани.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, Д.К. (67) во текот на вчерашниот ден околу 14 часот излетал од патот кај местото викано „Бревче“ по што починал на самото место.

„Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР-Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“,

велат од МВР.