Заев апелира за претстојните празници да се почитуваат мерките, да се избегнуваат затворени простории и групирања

0
21

Како претседател на Владата Зоран Заев денеска апелираше сите претстојни празници со прв приоритет на почитување на мерките, секогаш на штрек, да се тргнеме од турканици, од група, да држиме дистанца, да бидеме на отворено, да избегнуваме затворени простори и групирање. Истото тој го очекува и од верските лидери, од поглаварите на МПЦ, на Исламска верска заедница, но и од другите поглавари на помалите верски заедници, да апелираат и да учествуваат во организацијата, како и што било зборувано на состаноците, за да можеме да ги празнуваме празниците, но и да го заштитиме здравјето и животот свој и на сите околу нас.

Ова е одговорот од премиерот Заев на новинарското прашање колку е мудро олабувувањето на мерките за време на претстојните празници.

Лично, Заев ќе биде во Струмица, а по повод 1 Мај, како што информира, е учесник во организација на крводарителска акција што треба да се одржи за време на празниците, заедно со Трансфузиологија Струмица. – Ќе поминам во кругот на семејството, рече Заев.

Претседателот на Владата повика за 1 Мај и за другите празници да бидеме на отворено и да ги избегнеме затворените објекти.

– Кога ќе ги славиме празниците, кога ќе видиме дека има групирања, не е доволна дистанца, веднаш да се повлечеме. Може свеќа за Велигден да запалиме пред нашата зграда, куќа, надвор на отворено вечерта на полноќ кога ќе го дочекаме големиот христијански празник Велигден, но и сите други празници, можеме со почитување на мерките одговорно да го заштитме своето здравје и на сите граѓани, рече Заев.

Додаде дека аспектот на почитување на традицијата поврзано со верата и религијата е важна работа затоа што е дел од нашиот секојдневен живот, социјален живот и нашиот севкупен начин на живеење, треба да го почитуваме, но секако, потенцира, треба да си го заштитиме здравјето и животот.

Тој појаснуваше дека бројките поврзани со КОВИД – 19 паѓаат и оцени дека мерките навремено донесени почетокот на април дадоа резултат. Тие мерки, подвлече, биле осмислени за навремено да се повлечат ваквите чекори, со конечна цел, рече Заев, нашиот народ што е поприлично со верска определба, да ги слави и верските празници, но и празникот на трудот 1 Мај.

–   Верувам дека граѓаните се свесни за состојбата, загубивме луѓе блиски околу нас, членови на нашето семејство, пријатели и сите сфативме колку е навистина продорна оваа криза и дури и ги одзема човечките животи ќе не стави во одговорна позиција, изјави премиерот Заев.

Извор Сител