Заев: Два милиони евра за компаниите во шестиот пакет

0
14

Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството и затоа ние како Влада во шестиот пакет антикризни мерки предвидовме околу 2 милиони евра за поддршка на компаниите, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

– За компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година во шестиот пакет наменуваме околу 2 милиони евра. Ваквата мерка е од исклучителна важност за поттикнување на ликвидноста во стопанството, додава во објавата.

Заев информира дека мерката која ќе се реализира преку Развојната Банка, а целта е да им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.