Заев ќе побара разрешување на Пауновски, смета дека за тоа постои основа

0
13

Премиерот Заев смета дека има основа за разрешување на Пауновски, бидејќи како што рече, направил пркос кој не бил дозволен и одбил да ги спроведе владините одлуки.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски се соочува со отказ откако јавно порача дека не планира да попушти околу вработувањата на рамковните административци во неговата институција дури и по цена да биде сменет од директорската позиција.

Премиерот Заев смета дека има основа за разрешување на Пауновски, бидејќи како што рече, направил пркос кој не бил дозволен и одбил да ги спроведе владините одлуки.

„Рамковно вработените се прераспоредени согласно плановите и Законот. Директорот на пазарниот инспекторат е поставен од Владата, но не можете да си дозволите вакви коментари, да ги понижувате надредените. Очекувам службите да отворат постапка за негово разрешување“, изјави премиерот Зоран Заев.

Директорот Пауновски изрази подготвеност да го разрешат од функцијата, но не отстапува од ставот дека нема да вработи 35 административци прераспределени во неговиот инспекторат, бидејќи се неквалификувани за испразнетите места. Според Пауновски само 12 од овие лица се правници и економисти, а останатите без соодветно образование, сакаат канцеларска наместо теренска работа.

Премиерот ги објави податоците за рамковно вработените.

1349 лица биле дел од процесот, 1182 прифатиле прераспоредување, 38 одбиле и одат на трансфер листа, а 13 сами си дале отказ, тврди Заев.