Заев: Листите од познати членови на партијата во Охрид се порака за нас

0
18

Заев отфрла било какви превирања или партиски поделби и во контекст на отстапувањето на Радмила Шекеринска од функцијата заменик претседател на СДСМ.

СДСМ е единствена, а најавата за формирање на посебни советнички листи во Охрид е порака до партијата, вели премиерот и претседател на социјалдемократите, Зоран Заев коментирајќи ја најавата на долгогодишни партиски активисти од Охрид да настапат независно од партијата на претстојните локални избори. Заев отфрла било какви превирања или партиски поделби и во контекст на отстапувањето на Радмила Шекеринска од функцијата заменик претседател на СДСМ.

Владо Чингоски, поранешен претседател на Советот на општина Охрид од редовите на СДСМ, вели дека намерата на овој Иницијативен одбор именува како „Охрид пред се’“ е да се формира кандидатска листа по предлози на охриѓани и во Советот на влезат лица кои ќе ги имаат предвид интересите на граѓаните и ќе биде контролен механизам врз Советот и градоначалникот. Велат не сакаат власт затоа не планираат да имаат и кандидат за градоначалник.

Инаку, Заев најави дека по конгресот на 16 мај партијата засилено ќе почне се подготовки за локалните избори мерејќи го расположението на граѓаните и нивните барања со цел да им ја испорачаат, како што вели, најдобрата понуда. Дали во октомври ќе настапат заеднички со некои од актуелните коалициски партнери од албанскиот блок најверојатно ќе се одлучува во септември.