Заев: Поевтино беше да летаме отколку да се возиме до Прилеп

0
19

По повод денешната посета на Прилеп и на Битола со хеликоптерот на МВР, премиерот Зоран Заев на „Само вистина“ на Канал 5 рече дека иако се плаши од летање, дека досега го користел неколку пати хеликоптерот на МВР.

Рече дека тоа е службено возило на МВР и дека мора по стандарди пилотот и леталото да ги исполнат часовите на летање.

Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше мк. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, откри Заев.

Од МВР претходно за СДК.МК одговорија за ситуацијата со користењето на хеликоптерот од страна на премиерот Заев, и министрите Филипче и Шахпаска.

„Летовите со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи на премиeрот Заев и министрите Шахпаска и Филипче на релација Скопје – Прилеп, односно на премиерот Заев и министрите Филипче и Бочварски на повратната релација кон Скопје се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, одговори МВР.