Започна помасовната имунизација во тетовско, интересот голем

0
14

Започна имунизација за граѓаните од тетовско на возраст над 77 години со вакцината АстраЗенека. За Тетово и останатите 5 рурални општини од овој регион испратени се 800 дози. Вакцините ќе бидат дистрибуирани и во наредниот период сукцесивно во зависност од потребите и количините.

 Љубица Митова и Витомир Митов беа меѓу првите граѓани од тетовско кои се вакцинираа. За време на пандемијата не биле инфицирани. Внимавале ги почитувале препораките, но без вакцини не можеш да се заштитиш кога вирусот се шири со брза трансимисија. Имунизација е многу важна велат. Има разни гласини за вакцините но само информациите на докторите и здравстените власти се доверливи, а тоа е дека сите вакцини се проверени.

Вакцинацијата тече во најдобар ред велат од вакциналниот пункт. По примената прва доза за закажува термин за ревакцинација.

За имунизацијата над 77 години за тетовскиот регион се испратени 800 дози. Дистрибуцијата на вакцините ќе продолжи сукцесивно

Последниве неколку недели се зголемува интересот за имунација на жителите од тетовско, од каде има пријавени над 5300 граѓани за вакцинација.