За две недели двојно е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид 19 во Клиничката болница во Тетово

0
25

За изминативе десетина дена двојно е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид 19 во Клиничката болница во Тетово. Ако се земе предвид стотиците амбулантски прегледи на суспектни граѓани со симптоми на вурусот, перидов се очекува раст на бројот на ифицирани, но и на пациенти кои ќе бараат болничко лекување.

До денеска се хоспитализирани 48 пациенти во КОВИД центарот и инфективното при Клиничката болница Тетово, сите со тешка клиничка слика. Трендот на раст на инфицирани лица кои се лекуваат во одделенијата ќе продолжи.Слободни болнички кревети има се помалку. За перидов што следи ќе биде потребна реорганизација на кадарот и одделенијата потребни за нови ковид центри, истакна д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово

Пациенти инфицирани со вирусот моментално се лечат во инфективното одделение и два ката од оваа болничка зграда, кои се пренаменети во Ковид центри

Ширењето на вирусот со брза трансмисија не толку ги загрижува граѓаните, велат здравствените работници. Голем дел од нив не ги почитуваат основните препораки и мерки.

Тетовско е меѓу регионите со најголем број на инфицирани пациенти  до педесетина на ден, а нивната хоспитализација во последно време поради тешките симптоми е се поголема.