Избоден малолетник донесен во Градска

0
14

Седумнаесетгодишник бил донесен со убодна рана од остар предмет вчера вечерта во 22:40 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Според неговиот исказ, околу 20:30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада“ бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.