Изгор цени, ниски плати – Ценовен шок, граѓаните бараат итна реакција од државата, експертите сметаат дека може да се реагира со стоковите резерви

0
17

Тетовци бараат државата веднаш да реагира на според нив вештачкото и енормно зголемување на цените на производите. Експертите сметаат дека покачување на цената на одредени производи е нормална појава, но не толку драстични цени какви што имаме

Граѓаните се жалат. Велат дека не можат да го поминат месецот со толку високи цени, а платите е пензиите стојат во место. Бараат државата веднаш да реагира.

-Тука државата треба да реагира, на што личи ова, ако има покачување на цените треба да има и на платите и на пензиите. Зејтинот беше 60 сега е 110 денари , не се работи за мало покачување туку за многу големо, ова веќе ценовен шок, вели еден тетовец

Експертите велат дека цените на некои производи треба да се покачуваат, затоа што тие се зависни од цената на некои енергенси, метали како и дервати кои исто така се поскапени. Но толку драстично зголемување е вештачко и затоа властите со своите механизми треба да реагираат

Треба властите да реагираат со стоковите резерви кои ги имаат за да немаме толку драстично зголемување барем на основните производи, кои сега морам да признаам дека се покачуваат вештачки искористувајќи ја еуфоријата од пандемијата , вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија

Продавачите велат дека ги набавуваат поскапи производите од магацините. Сопствениците на магацините пак велат дека тие ги набавуваат цените исто така со поскапени цени од фабриките, за на крај некои производи во рацете на потрошувачите да биде повисоки и до 80 отсто.