Концетрациите на ПМ 10 честичките во тетовскиот воздух пак ги надминуваа вредносните граници, а казни за загадувачите на воздухот нема

0
17
Се намали аерозагадувањето во Тетово. Но, не поради мерки  преземените политики, едноставно  поради доаѓањето на пролетта , а со тоа и расчистувањето на воздухот. Но, концетрациите на штетните честички во амбиенталниот воздух пак ги надминуваа вредносните граници.
Од Инспекторатот за екологија при Општина Тетово истакнаа дека само 3 правни субјекти се соочиле со прекршочни пријави и казни од по 4000 евра затоа што кај нив е утврдено несоодветно остранување на комуналниот отпад. Изречени се и две опомени на две правни лица каде што се утврдени еколошки пропусти , а 50 физички лица добиле опомени затоа што фрлале отпад на несоодветно место.
Но, казни за аерозгадување нема, а ситуацијата на терен е сосема друга. Голем број на објекти односно правни субјекти испуштаат недозволиви честички во воздухот, а тоа се гледа и на приложените фотографии.

Инаку Министерот за Животна средина и просторно планирање Насер Нуреидни при неодамнешната посета на Тетово истакна дека тие како ресор и понатаму се грижат за чист воздух.

-Се обидуваме да го забраниме увозот на стари возила, а со подршка на Министерството за финансии да го субвенционираме купување на електрични возила, рече Министерот за Животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

Инаку Тетово и оваа година се најде на листата на најзагадени градови во светот според листата на Нумбео.