И родилките на протест: „ Дa не дозволиме од нас да направат социјални случаи“

0
19

Со протест во сите градови во земјава, околу 1500 мајки кои во моментов се на платено породилно отсуство со своите бебиња ќе излезат на улица,само така велат ќе допрат нашите барања до надлежените во министерството за труд и социјала. Доведени сме во крајно незавидна ситуација, мора да тргнеме на работа, а нема каде да ги оставиме децата. Градинките работат со намален капацитет согласно препораките од Комисијата за заразни болести,групите се веќе формирани, никаде не се примаат нови деца. Многу од нас велат,се соочуваат со притисоци за враќање на работа од една страна, а од друга страна не се нуди никако решение.

“Од градинкиве искрено да Ви кажам се доведени до таа ситуација да ни кажуваат дека ако сакаме детето да го запишеме треба да си фатиме врски затоа што листите за чекање се премногу долги, се чека и до година дена за да се запише детето.Значи можеш да си чекаш ако немаш врски никој не знае да ти каже кога ќе си го запишеш детето во градинка.Секој ден некоја нова мајка си дава отказ затоа што нема каде” – вели Ивана Смилеска.