Како во филмовите: Косовец избегал од пасошка контрола на граничниот премин Блаце, фатен е по два часа бркотница

0
18

Основното обвинителство во Скопје поднесе обвинение против граѓанинот од Косово, за загрозување на безбедноста, за затајување на гранична контрола и непочитување на полициските наредби.

„Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Република Косово за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот според став 1 од член 297 од Кривичниот законик“, известува Обвинителството.

Пријавено е дека Косовец со автомобил „Ауди А4“ не запрел за пасошка контрола и царинење при влегување во државата преку граничниот премин Блаце. По барањето на полицаецот да застане, тој не запрел, по што двајца полицајци го следеле со автомобил и сигналазација, претекнувајќи го по четири километри по што бил фатен.