Кај „Мавровка“ полиција, но протестот за Монструм скршна кон Владата

0
29

По пат учесниците во протестниот марш извикуваат „Уа за правдата” и „Илирида демократија”.

Во еден момент на булеварот беше раширено огромно албанско знаме.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм” ги повика граѓаните да го кренат гласот против, како што вели, неправдата во Македонија и драконските казни кои им се изрекуваат на Албанците не само во овој судски предмет, туку и во други, како што вели, монтирани судски процеси.

Планирано е тело на протестите Советот за протести во владата да достави протестен документ во кој се наведени повеќе случаи кои, според нив, укажуваат дека Албанците се онеправдани и под притисок од властите. Документ, велат, е доставен до Делегацијата на ЕУ и до амбасадата на САД во Скопје.
Последниот протест на истите учесници заврши со насилство и напади врз полицијата која не им дозволи пристап кон судскиот комплекст и со полициски кордон маршот беше запрен пред крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка”.
Десетина полицајци беа повредени, а потоа беа поднесени кривични пријави против неколкумина учесници кои ги започнаа насилните напади врз силите за безбедност.