Кирацовски во одбрана на Пауновски: Наместо разрешување, да се променат критериумите за вработување на административците по рамковниот договор

0
16

Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ се огласи на фејсбук и застана во одбрана на Стојко Пауновски и побара тој да не се разрешува .

„Административците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, но не треба да бидат привилегирани на штета на истиот. Кога веќе силно се залагаме за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваме оној кој најдоследно ги применува. Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби, пишува Кирацовски на фејсбук