Комисијата за заразни болести одлучува дали ќе има рестрикции за Велигден

0
18

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи редовен состанок на кој ќе биде анализирана епидемиолошката состојба со ковид-19 во државава.

Според информациите, се размислува за можно отворање на терасите на угостителските објекти, но и за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.