Курти барал од Грција да го признае Косово

0
57

Курти побарал и билатералната соработка да се прошири и продлабочи и Грција да се придружи на блокот земји кои го признале Косово, се наведува во соопштението на неговиот кабинет и се додава дека Алифери го информирала за поканата упатена до министерката за надворешни работи Доника Гервала да ја посети Грција.

Зборувајќи за економските односи меѓу двете земји, Хрисула Алифери го истакнала фактот дека следната недела ќе биде одржан трет економски форум меѓу Атина и Приштина.

Во соопштението се наведува дека Курти ги пофалил односите со Грција и нејзината посветеност на членството на Приштина во меѓународните организации, како во случајот на членството во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).