Кучињата скитници во Тетово се згрижуваат, но нивната бројка не се намалува затоа што се носат од други општини

0
35

Веќе четврта недела се третираат кучињата скитници во Тетово, откако ветеринарната амбулатна Дог енд Кет, го доби третиот теднер за третирање и згрижување на овие бездомни животни.

Досега се истретирани над 100 кучиња. Ќе продолжиме во текот на цела година да ги стерилизираме и згрижуваме бездомните животни, велат од ветеринарната амбулата.

-Па започнавме со згрижување. Оваа година Општина Тетово има одвоено поголема сума пари, така да средствата ќе бидат доволни за третирање на кучињата скитници до крајот на годинава. Досега сме истретирале 100, а во план ни е уште 200 бездомни животни да ги стерилизираме и безбедно повторно да ги вратиме на улица, рече Рами Селмани доктор по ветеринарна медицина.

Најголем проблем како што кажува доктор Селмани е што голем број од кучињата скитници се носат од надвор, затоа и не може да се намали бројката на бездомните животни по тетовските улици и другите останати јавни површини.

-Постојано се носат од дргите општини кучиња скитници. Властите треба да најдат начин да го спречат ова. Друг проблем е што другите околни рурални општини од тетовскиот регион немаат никакви активности за згрижување на кучињата скитници. Па така овие бездомни животни се преминуваат од една во друга соседна општина. Затоа ако сакаме решение мора заеднички да настапиме ,а тоа е да има регионален пристап за конечно решавање на проблемот, рече доктор Селмани.

Досега Ветеринарната амбуланта Док енд Кет во трите тендери кои ги има добиено за згрижување и третирање на кучињата скитници вклучувајќи го и најновиот тендер, има истретирано над 400 бездомни животни.