Лажен еким од Кочани им ветувал на штипјани дека ќе ги излекува, тие плаќале со пари, злато и мобилни телефони

0
18

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, пријавениот лажно се претставувал и две лица од Штип довел во заблуда дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари, соопштија од МВР.